Основачот на софтверската компанија „Мекафи“ пронајден мртов

Основачот на софтверската компанија Џон Мекафи е пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Барселона, откако шпански суд одобри негова екстрадиција во САД.

Според каталонското Министерство за правда, тој очигледно извршил самоубиство.

Google search engine

Еден од креаторите на антивирусен софтвер во САД беше обвинет за затајување данок.

Мекафи, (75), беше уапсен на аеродромот во Барселона во октомври 2020 година и ги негираше обвинувањата на американската даночна служба.