Османи: Граѓаните кои се снабдуваат со руска нафта ја финансираат руската армија

Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи синоќа изјави дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира руската војска.

-Граѓаните кои се снабдуваат со нафта од руски компании во земјава, индиректно ја финансираат руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност, рече Османи во емисијата „Клик плус“.

Google search engine

Според него, по ситуацијата во Украина, Европа се свртува кон јаглен и нуклеарна енергија и дека како резултат на тоа Македонија треба повторно да ја ревидира својата стратегија за енергетски ресурси.

-Како што гледате Европа постојано, посебно сега бара алтернативни извори на енергија, но сега за сега ситуацијата е ваква каква што е, додава Османи.