Ослободете се лесно од болките во вратот

Доколку ве боли вратот, најдобро би било да си закажете масажа, но доколку немате време или пари за ваков луксуз, ви нудиме еден брз начин за ефикасно решавање на овој проблем, кој го препорачуваат бројни физиотерапевти.

Прв чекор:

Реклама

Лоцирајте ја болната точка. Ако е на десната страна на вашиот врат или на горниот дел од грбот, ставете ја десната рака врз неа, а ако е на левата, користете ја левата рака.

Втор чекор:

Притиснете го болното место со прстите, со цврст притисок. Но, внимавајте да не претерате, бидејќи не треба да ја преминете границата до која можете да ја толерирате болката, а не треба ниту да чувствувате остра болка. Ако не можете да ја дофатите точката, земете некој сличен предмет кој може да ви помогне во компресијата. Во овој случај потпрете се со предметот на ѕид за да создадете притисок.

Трет чекор:

Благо свртете ја главата на другата страна, спротивно од местото каде чувствувате болка, и потоа дијагонално спуштете ја, како да се обидувате со брадата да ја дофатите раката. Активирањето на згрчениот мускул во комбинација со притисокот, ќе ви помогне да го опуштите и да се ослободите од болката.

Четврт чекор:

Повторувајте ја постапката 20 пати, а потоа еднаш убаво и долго истегнете се како кога станувате од спиење. Во текот на денот, повторете ја вежбата уште неколку пати за да ви останат мускулите опуштени.

Реклама