Орландо Блум се разголи како од мајка роден и го “израдува” женскиот пол

Изгледа дека и холивудскиот актер, Орландо Блум убаво се релаксира и ужива додека е на одмор, а тоа гордо го прикажува на социјалните мрежи, односно Инстаграм каде го следат околу 5.200.000 следбеници.

Покрај тоа што го покажа извајаното тело, глумецот (44) објави фотографија на која позира потполно гол покрај езерото, а позадината ја сокрил со емотикон од праска, додека погледите на другите капачи не му пречеле.

Google search engine

Објавата во краток рок стана вистински хит, а коментари му оставиле и славните колеги како Џош Бролин, Мајкл Ентони и Хелен Кристенсен кои се пошегувале на негова сметка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Орландоза првпат бил уловен гол во 2016 година од папараците додека бил на одмор во Италијаи тоа додека веслал на даска. Во едно интервју неговата партнерка признала дека ѝ било непријатно поради тоа и дека тој се обидел да ја наговори и таа да се соблече.

Сега не е откриено на која локација е снимена новата фотографија, но пред една седмица тој и Кејти одмарала во Италија.