Оргии и коцкање во ковид болница – Пациентите под надзор на полицијата

Тајландската полиција извршила претрес во ковид болница, југозападно од Бангког поради пријави за пациенти кои извршувале оргии и се тепале под дејство на наркотици.

Шокираните медицински сестри повикале полиција откако утврдиле дека виделе пациенти, мажи и жени како заедно се кријат едни кај други во собите.

Реклама

Ситуацијата да биде уште побизарна, тоа се случува во “отворена” болница со 1.000 кревети во Самут Пракан, на периферијата на Бангког. Полицијата после упадот запленила 23 пакети цигари, електронски цигари, кои се забранети на Тајланд, но не пронашле дрога.

 

Властите ги предупредиле пациентите за кои се верувале дека се занимавале со недозволени активности дека ќе бидат префрлени во друг објект доколку нешто слично се повтори.

“Поставивме бројни полицајци во болницата да извршуваат редовна контрола и да ги набљудуваат пациентите”, рекол начелникот на провинцијата Пракан.

“Исто така ги замолуваме пациентите да ги почитуваат правилата на болницата. Медицинските сестри и доктори кои се грижат за нив напорно работат”.

Се наведува дека пациентите шверцувале илегална дрога преку луѓе надвор од болницата.

Покрај илегалните супстанции, пријавено е дека пациентите организирале коцкање во монтажната болница кое резултирало со тепачка. Некои од машките пациенти биле лекувани од повредите здобиени од тепачката, но никој не бил сериозно повреден.

 

Реклама