Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Кисела Вода

Не помогна ниту исеченото дрво пред билбордот на актуелниот градоначалник Филип Темелковски – со двојно повеќе гласови на жителите на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на општината.

Благодарам!
Огромно благодарам!
Победата со двојно поголемата разлика во однос на СДСМ и Темелковски и победа во првиот круг за мене значи огромна доверба, но и одговорност, која ја носам со себе за да реализирам се што имам планирано и ветено во мојата програма.
Уште еднаш ве уверувам и ви гарантирам дека моите заложби за реализација и исполнување на програмата ќе се остварат и верувајте, веднаш по преземањето на општина Кисела Вода, јас се ставам во функција на граѓаните.
Победата на Кисела Вода во прв круг значи победа за г-ѓа Данела Арсовска во вториот круг!
Да сте живи и здрави, не чека многу работа!
Уште еднаш, честитки на граѓаните на Кисела Вода!
Вие победивте денес!, соопшти Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Google search engine

Победата на Ѓорѓиевски во првиот круг е уште една општина плус на списокот на ВМРО-ДПМНЕ.

ПретходнаВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во првиот круг во најмалку 20 општини, битката продолжува во втор круг за уште 25 општини
СледнаАпасиев: Во вториот круг би поддржале опозициски кандидати, но ќе почекаме да нѐ викнат на преговори