Орбан: Успеавме, нашата земја е изземена од ембаргото на руска нафта, унгарските семејства можат мирно да спијат вечерва

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, го поздрави компромисот oколу ембаргото за руската нафта.

„Постигнат е договор. Унгарија е изземена од нафтеното ембарго!

Google search engine

Унгарските семејства можат мирно да спијат вечерва, ја спречивме идејата од која се крева косата на главата“, рече Орбан во видео-порака објавена на „Фејсбук“.

Целосната забрана за увоз на руска нафта би била неподнослива за Унгарија како атомска бомба, рече Орбан, додавајќи дека успеал да го спречи тоа.