Орбан си го направи своето: Унгарскиот премиер ја прими кинеската вакцина!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прими вакцината против коронавирусот која ја разви кинеската компанија „Синофарм“.

„Вакциниран“, порача Виктор Орбан на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ откако ја прими кинеската вакцина против коронавирусот.

Google search engine

Унгарија беше првата земја членка на Европската унија која ја доби руската вакцина против коронавирусот, а покрај „Спутник 5“, унгарските власти нарачаа и значителна количина на вакцини од Кина.

Орбан пред неколку дена ги повика граѓаните на Унгарија да ги почитуваат мерките поради ширењето на новите мутации на коронавирусот, истакнувајќи дека „има лоши вести и на Унгарија ѝ претстојат најлошите две седмици од почетокот на пандемијата“.

Неодамна, унгарските власти донесоа одлука да го продолжат делумниот „локдаун“ до 15-ти март затоа што се очекува раст на бројот на новозаразени поради ширењето на британската мутација на коронавирусот.