Во интервју за весникот Corriere Della Sera, Папата Франциско кажа дека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан му кажал за време на неодамнешната средба кога претседателот на РУсија, Владимир Путин планира да стави крај на војната во Украина.
„Орбан, кога се сретнавме, ми кажа дека Русите имаат план и дека се ќе биде готово на 9. мај. Тоа би ја објаснило и брзината на војната која се ескалира деновиве. Затоа што веќе не е само Донбас, туку и Крим и Одеса, односно окупација на украинските пристаништа на Црното Море“, изјавил Папата.
Во интервјуто, Папата повтори дека е подготвен да отпатува во Москва за да се сретне со Путин, но нагласи дека рускиот претседател не сакал да се оствари таа средба.