Орбан: Не примаме мигранти од Авганистан! Нема ние да плаќаме за нивните грешки

Унгарија нема да дозволи неограничен пристап до мигрантите од Авганистан, изјави денеска официјален претставник на Министерството за надворешни работи.

Државниот секретар Левент Маѓар изјави дека светот е сведок на „целосен воен и политички колапс на Авганистан“ по повлекувањето на американските војници од земјата, пишува МТИ.

Google search engine

„Кога САД објавија дека ги повлекуваат своите војници од Авганистан, унгарската влада рече дека нашата земја треба да се осигура дека нема да стане легло на меѓународниот тероризам или точка за масовна миграција“, рече Маѓар.

Според него, владата одбила да дозволи унгарскиот народ да ги трпи последиците од „погрешните геополитички одлуки и операции“.

Маѓар изјави дека Будимпешта бара начини како може да им помогне на оние кои работеле за унгарските војници како преведувачи или во други својства во последните 20 години.

Според него, САД и Унгарија се воени сојузници, но „очигледно е дека повлекувањето не требало да биде такво“.

„Она што во моментов го гледаме во Кабул и другите делови на Авганистан е застрашувачко и мислам дека тоа може да доведе до период на миграција и меѓународен тероризам што не го сакаме“, рече тој, додавајќи дека Унгарија мора да биде подготвена да се соочи со сериозни проблеми на миграциски притисок.