Орбан: Нашата победа се гледа од Месечината, а сигурно и од Брисел

„Нашата победа е огромна. Се гледа дури и од Месечината, но секако ја гледаат и во Брисел“, изјавил Орбан по победата, пренесува “Index”.

Премиреот на Унгарија, Виктор Орбан, прогласил победа на денешните парламентарни избори, откако партијата Фидес, чиј е лидер, освоила повеќе од половина од гласовите.

Google search engine

„Нашата победа е огромна. Се гледа дури и од Месечината, но секако ја гледаат и во Брисел“, изјавил Орбан по победата, пренесува “Index.hr”.

Како што пренесува унгарската агенција “MTI”, на основа на 57,54 од преброените гласови, Фидес, кој на изборите излегол во коалиција во Христијанско-демократската народна партија, освоил 55,57 проценти од гласовите, а Обединетата опозиција 32,55 проценти. Според овие резултати, премиерот Виктор Орбан и неговата партија Фидес освоиле четврти мандат по ред.

Унгарскиот парламент брои 199 пратеници, од кои 106 се бираат по мнозински систем, така што во 106 изборни единици победува кандидатот со најмногу гласови, а преостанатите 93 мандати се доделуваат на изборите на кои се гласа за изборни листи.

„Никогаш не сме се претставиле толку добро како вечерва“, рекол Виктор Орбан во своето обраќање пред гласачите, додавајќи: „Почитувани пријатели, извојувавме голема победа, стопроцентно да се гледа од Месечината и од Брисел“, рекол Орбан и се заблагодарил за поддршката и помошта.

„Победивме во 2010 и 2014 година кога не’ предизвикаа, потоа во 2018 кога беа против нас и во 2022 година кога сите се обединија против нас. Ќе треба да проучуваат и ако не го најдат одговорот, треба да го прашаат Бога како го постигнавме овој резултат кога сите беа против нас. Оваа победа значи дека над залудните тактики и задкулисни игри победува срцето. Тоа е победа на унгарското срце“, додал тој.

- АУДИО РЕКЛАМА -