Орбан ја прими третата доза, па ги праша лекарите: Дали ќе имам некои нус-појави? Имам планови за вечерва…

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан ја прими третата доза вакцина против корона вирусот, но овој пат од производителот Модерна за дополнително зајакнување на имунитетот.

Орбан ја прими третата доза на вакцина од производителот Модерна како бустер доза против вирусот, објави неговиот гласноговорник, Берталан Хаваси за МТИ.

Google search engine

Премиерот на својата фејзбук страна објави видео во кое се гледа како тој ја прима третата доза и ги прашува медицинските работници дали тој би имал некои нус-последици од вакцинацијата бидејќи имал планови за деновите кои престојат.

Тие му препорачаа дека може да чуствува мала болка на местото на убодот со вакцината и да чуствува умор, но би можел слободно да присуствува на сите настани.