Ткаенината на Евроспката унија се раздвоила по рабовите поради мигрантската криза и ќе бидат потребни натчовечки напори за обновување на евроспката соработка во пост-Меркел ерата, тврди унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на официјалната страница на канцеларијата на премиерот објавил текст за германската канцеларка во заминување Ангела Меркел.
“Ангела Меркел на 8-ми декември престанува да биде германска канцеларка. Дел од животите на жителите во централна Европа ќе заминат со неа”, стои во воведот во текстот на Орбан.
Унгарскиот премиер пишува дека Меркел и тој со години трпеле бидејќи биле во опозиција, па прво таа станала канцеларка, а потоа и неговата партија се вратила на власт, па заедно управувале со финансиската криза во 2010-та и биле партнери во борбата да се одржи Европската унија заедно.
“Лојалните и дисциплинирани Германци и бунтовните Унгарци заедно се бореа за истата цел, Европа во која сите нации ќе се чувствуваат како дома”, напишал Орбан.

Унгарскиот премиер наведува дека “уследила раптура, или подобро кажано фрактура, отворена фрактура во 2015-та година – инвазија на мигранти”.
“Тоа е како повреда после која спортист веќе никогаш нема да се движи како претходно. Тој оди на рехабилитација, се труди, се мачи, но повеќе од чест. Тој знае, но по некое време си признава на себе дека не може да ја врати старата форма”, напишал Орбан.
Според неговото мислење, “мигрантската криза сама по себе била огромен тест”.
“Стана Рубикон бидејќи покажа длабоки филозовски, политички и економски разлики меѓу нас во поглед на нацијата, слободата и улогата на Германија”, пишува Орбан.
Таа криза откри дека за Унгарците и другите жители во Средна Европа татковината е клучна, тврди унгарскиот премиер.
“Нацијата е почетна очка, а без патриотизам не може да има здрав емотивен живот. Се покажа дека Германците тргнаа кон вториот развоен пат на европската цивилизација, дека одат кон тоа да бидат постхристијанска и постнационална држава”, додал тој.
Ние Унгарците разбираме дека Германците тоа не го сметаат за проблем, вели Орбан.
“Тие тоа не го сметаат за цивилизациска болест која треба да се излечи, туку тоа го сметат за природно, посакувано, па дури и за морално супериорен резултат. Ткаенината на Европската унија тогаш се раздвојуваше по рабови и немаше начин тоа да се спречи. Миграцијата, полот, федерализирана Европа, германизација на Европа. Обновувањето на европската соработка ќе бара натчовечки напори во пост-Меркел ерата”, тврди Орбан.
Унгарскиот премиер се прашува дали Ангела Меркел ја отворила вратата на проблемите.
“Или, токму спротивно, се обиде да заземе цврст став, но на крајот подлегна на притисокот на левицата и се тргна на страна? Денеска не го знаеме одговорот на тоа прашање”, напишал тој.
“Гледајќи на промиграционата, про-родова, федералистичка, прогерманска агенда на новата германска крајна лева влада, на мистеријата за Меркел може да се дадат два одговори. Времето ќе покаже”, вели Орбан и додава дека “едниственото нешто за кое жали, како поранешен борец, е тоа дека 16-те години на власт на Германија не дале одговори”.
“Една работа е сигурна: ерата на двосмисленост, прикриени политики и скитање заврши со Меркел. Во новото доба влегуваме без ракавици”, заклучил Орбан.