Опра Винфри за интервјуто со Меган и Хари: Кога го кажале ова, морала да го прекине снимањето

Опра Винфри за првпат јавно зборувала за интервјуто кое го направила со принцот Хари и Меган Маркл, за кое и понатаму се зборува.

Водителката истакнала дека не ни претпоставувала колкаво внимание ќе привлече целата приказна и дека интервјуто ќе одекне низ целиот свет. Како што наведува, таа само сакала да му овозможи на парот да ја раскаже својата страна од приказната и да ја открие вистината која може да се слушне само од актерите во неа, пишува „Daily Mail“.

Опра рекла дека и најголемо изненадување за неа било тврдењето дека членови на кралското семејство расправале за бојата на кожата на Арчи, и дека тогаш морала да направи пауза за да си дојде при себе.

„Прашав: ‘Што? Навистина ќе одите толку далеку?’“, се присетила Опра.

Водителката признава и дека пред снимањето на интервјуто, разговарала со Меган и Хари за тоа како ќе изгледа сè и во која насока ќе се одвива разговорот, како што прави и со другите гости.

„Причините зошто интервјуто доби толкави размери е тоа што за соговорници имав луѓе кои се отворени, ранливи и искрени“, раскажала Винфри.

„Не си ги препишувам заслугите за ова интервју, јас придонесов со тоа што поставував прашања, но интервјуто испадна такво какво што беше поради начинот на кој тие одговараа на истите“, додала познатата водителка.