Опожарена стара позната берберница во Кавадарци, изгорел објект до неа

Опожарена е стара позната берберница во Општина Кавадарци, при што изгорел помошниот објект до неа, но нема повредени. Очевидци за МИА велат дека кавадаречките пожарникари спречиле огнот да се прошири на околните објекти.

Од Територијалната противпожарна единица потврдија дека интервенирале на лице место со три возила и седум пожарникари.

Google search engine

Од Противпожарната единица соопштуваат дека покрај овој пожар рано утринава околу 4.40 часот, изминатава ноќ имале уште една интервенција, па апелираат на внимателност, особено во овој период од годината, кога има повисоки температури.