Опасен тренд во Словенија: Намерно се заразуваат со коронавирус!

Во Словенија некои луѓе наместо да се вакцинираат, одлучуваат намерно да се заразат со коронавирус.

Епидемиологот и шефица на словенечката стручна група за Ковид-19, Матеја Логар предупредува дека некои граѓани на оваа земја сакаат да се заразат со коронавирусот „на било кој начин“.

Нивниот план, како што вели Логар е да добијат потврда за прележана болест, а тоа според неа е прилично „опасен тренд“.

„Некои граѓани на било кој начин сакаат да се заразат со коронавирус со цел полесно да се движат и патуваат, а поради фактот дека се смета дека лицата кои ја прележале болеста имаат имунитет еднаков на тој кој се стекнува со вакцинација“, изјави Логар на конференцијата за медиуми.

„Тоа е многу опасна пракса која дефинитивно не ја препорачуваме“, изјави Логар и најави дека поради трендот можно е да се воведат рестрикции на патувањата.