ОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЦРНО ГО СЛЕДИ МЕСИ! Познатиот ас доби специјален ТЕЛОХРАНИТЕЛ: Има само една задача и е многу СУРОВ!

Фудбалскиот клуб Интер Мајами ангажираше телохранител кој има само една задача – да го следи Аргентинецот Лионел Меси!

Неповторливиот Аргентинец со своите чудесни настапи за кратко време ги освои срцата на Американците.

Google search engine

Одигра шест натпревари во дресот на Интер Мајами, постигна дури девет гола, го одведе тимот до финалето на Лига купот и „Месиманија“ сериозно почна да ја тресе Америка.

Кога пристигна во Мајами имаше максимално спокојство, меѓутоа, по еден месец престој во Америка, навивачите целосно заостанаа зад Аргентинецот и го следат секој негов потег.

Затоа Интер ангажираше човек кој има посебна задача – да ја чува најголемата ѕвезда во МЛС лигата.

На социјалните мрежи се појави видео од овој безмилосен телохранител, кој е сенката на Меси во Соединетите Американски Држави. Не се одвојува од Аргентинецот, нема милост кон навивачите кои сакаат да грабнат селфи или автограм, веднаш ги трга, исто како и навивачите кои бараат дрес или потпис на дрес од нивните идол на стадионот.

А за време на самата игра тој стои до теренот и го следи секој чекор на Меси, па навивачите кои размислуваат да истрчаат на теренот да го гушнат Меси – едноставно немаат шанса.