Олимпијките позираа за „Плејбој“: „Секоја жена смее да биде гола и не треба да се срами од своето тело“

„Јас имам повеќе мускули отколку што треба, па што? Сакав да покажам дека и тоа е женско тело“.

Германската олимпијка Лиса Буквитз и австриската олимпијка Џенин Флок, позирале за германското издание на „Плејбој“ во пресрет на зимските олимписки игри во Пекинг.

Google search engine

Спортистките одлучиле да го направат тоа за на другите жени да им испратат порака дека не треба да се срамат од своето тело.

„Сакам да покажам дека природното тело може да биде убаво. Она на кое ништо не сум правела. Не сум имала естетски операции и го сакам тоа што го имам. Секоја жена може да биде горда на своето тело“, изјавила Флок.

„Важно е одвреме-навреме да мислите и на други работи освен на спортот, мислам дека тоа може да има дополнително влијание“, додала 32-годишната Австријка која се натпреварува во скелетон и која учествува на зимските олимписки игри.

Со неа се согласува и Германката која се натпреварува во боб двосед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Playboy Deutschland (@playboygermany)

„Секоја жена смее да биде гола и ниту една не смее да се срами од своето тело. На пример јас имам повеќе мускули отколку што треба, па што? Сакав да покажам дека и тоа е женско тело. Не морам да се кријам затоа што сум спортистка. Ниту една жена не мора да се крие“, изјавила 27-годишната Буквитз.

Инаку, германски „Плејбој“ во март поради овие две спортистки ќе се печати во две изданија.