Огромно украинско богатство во рацете на русите, воен план вреден 12 милијарди долари! Вака ќе влијаат на остатокот од Европа и на економијата

Украина е позната низ целиот свет како „житница на Европа“. Но, нејзиното богатство се наоѓа и под земја. Големи делови од тоа богатство се под руска контрола, што значително ја ослабува украинската економија, пишува Дојче веле.

Железната руда, која се вади од длабочина од околу еден километар во близина на градот Днипрорудна во регионот Запорожје, е високо ценета бидејќи содржи повеќе од 60 отсто железо.

Google search engine

Пред војната, најголемиот дел од таа стратешки важна суровина, 4,5 милиони тони годишно, се извезуваше во Европа – во Словачка, Чешка и Австрија. Тие рудници секоја година носеа во Украина девизи во вредност од 200 милиони евра. Третина од извлечената руда беше преработена во фабрика за челик во Запорожје и готовиот производ беше извезен.

Rudnik, Rudar, Teška Industrija

Но, од минатото лето, ништо не се случи: Днипрорудне, град кој се наоѓа јужно од пресушениот резервоар Каховка, е под руска управа. Сега стратешки важните суровини одат во Русија. Украинските, словачките и чешките инвеститори се практично одземени.

Извозот на железна руда за металургија минатата година е намален за 60 отсто во однос на една година претходно, соопшти Украинската Царинска управа.

Експертите од канадскиот тинк-тенк SecDev ја проценуваат вкупната вредност на суровините пронајдени на окупираните територии на околу 12 милијарди американски долари. На тие простори нема само железна руда, туку има и наоѓалишта на други суровини неопходни за металната индустрија, како јаглен, титаниум и манган. А таа област е богата и со злато, природен гас, нафта, каолин, сол, гипс и ураниум.

železara, čelik, Gvožđe, Industrija, Livnica

Најголемото наоѓалиште на железна руда, басенот Кривји Рих и преработувачките капацитети сè уште се под контрола на владата во Киев, но се постојана цел на артилериски напади.

– Политичката пресметка на Москва е пред се уништување на економскиот потенцијал на Украина. Не е важно дали ресурсите се заробени или уништени со артилерија – вели Јарослав Шалило од Националниот институт за стратешки студии во Киев.

Овој економски експерт зборува за драматичните последици од намалувањето на ресурсите за украинското производство на челик. Во 2021 година Украина извезла околу 20 милиони тони металуршки производи, а во првата половина од оваа година биле извезени само 2,5 милиони тони. Ако ова се пресмета за цела година, тогаш станува збор за намалување од речиси 80 проценти.