Огромна побарувачка, а Sony тврди дека залихите на PlayStation 5 се намалуваат…

Моментално на пазарот има толку голема побарувачка на гејминг конзоли, така што и Microsoft и Sony се соочуваат со големи проблеми.

Голем број на љубители на гејминг конзолата на Sony најверојатно ќе треба да почекаат некое време затоа што јапонската компанија распродаде се.

Реклама

Од Sony денеска за прв пат дадоа коментар во врска со продажбата на PlayStation 5. Во разговор за руските новинари, извршниот директор на компанијата Sony Interactive Entertainment, Џим Рајан откри дека продажбата на PS5 тече феноменално и главен фокус на компанијата е зголемување на понудата.

Директорот на компанијата самоуверено порача дека сите количини кои ќе бидат пласирани на рускиот пазар, сигурно ќе бидат продадени.

PlayStation 5 во најголем дел не можете да го пронајдете на залиха кај продавачите, но се шпекулира дека следниот бран на нови конзоли ќе дојде за Black Friday. Според Рајан, најверојатно 25% од корисниците кои имаат PlayStation 4 ќе преминат на новата генерација, но истакна дека PS4 заедницата е многу важна за компанијата и ќе добива поддршка најмалку до 2022-ра година.

 

Претставникот на Sony проговори и за конкуренцијата и порача дека му е драго што Xbox Pass нуди квалитетна услуга и ги тера и нив да бидат иновативни и да не се задоволуваат со мали работи.

Инаку, од продажбата и на најновата конзола на Microsoft, Xbox Series X тече фантастично, па исто така голем број на љубители на оваа конзола нема да можат да ја набават поради тоа што има недостиг на конзоли.

Исто како и Sony, Microsoft нема да може да ја издржи огромната побарувачка, а директорот на Microsoft, Тим Стјуарт изјави дека се очекува недостиг од Series X конзолите на Xbox дури до април 2021-ва година.

Реклама