Еден оглас за издавање стан во Нови Сад стана хит на социјалните мрежи поради вртоглавата цена.
На Фејсбук групата „Издавање станова Нови Сад“ се појавил оглас во кој стоело: „Издавам стан дуплекс, 89 квадратни метри. Издавањето е 790 евра (депозит за 2 месеци) – можност за договор“.
Станот поседува кујна, купатило, дневна соба и трпезарија како и тераса и поткровје со 3 соби. Меѓутоа, на фотографиите се гледа дека истиот е во лоша состојба и дека цената е очигледно превисока.
„Има кревети на спрат, теретана во склоп на станот, значи реална цена“, „Доколку претераш со појадокот, теретаната ти е на половина метар од масата. Таман“, „Милјето е гратис“, „800, задржи го кусурот“, гласат шегите на социјалните мрежи.
Сопственикот додал дека станот може да се издава опремен, но и без мебел. Моментално е во фаза на бојадисување, а станарите можат да се вселат кон крајот на овој месец.


