Одложена посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Македонија

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје која требаше да се случи на 18 јануари не се откажува, туку се одложува, објави бугарскиот медиум БНТ, повикувајќи се на информации од прес-центарот на Советот на министри.

Имено, како што претходно беше објавено, бугарскиот премиер Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова се во карантин. Мерката е неопходна откако претседателот на Собранието Никола Минчев даде позитивен тест за ковид-19 по вчера одржаниот Советодавниот совет за национална безбедност.

Google search engine

Премиерската функција во државата за време на изолацијата на Петков ќе ја преземе вицепремиерката, Калина Константинова.

- АУДИО РЕКЛАМА -