Од утре стапува на сила полициски час – од 22 часот до 05 часот

Од утре од 22 до 5 часот наутро стапува на сила полициски час, одлучи Владата на денешната владина седница.

Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на случаи на коронавирус во земјава. Полицискиот час е предвидено да трае помалку од 2 недели односно од 10 до 22 март.

Google search engine

Покрај тоа, донесена е и одлука за задолжителен карантин на сите кои доаѓаат од земјите во Африка – 14 дена домашен карантин за наши граѓани, додека за странци кои доаѓаат од африканските земји ќе се обезбеди објект за државен карантин.

Министерот Венко Филипче по вчерашната средба со Комисијата за заразни болести образложи дека овој предлог е поради тоа што изминатите недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење на заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.