Од почетокот ја следат проблеми: Модуларната болница долго време не беше пуштена, а не беше ниту поврзана со централниот систем за греење

Moдуларната болница во Тетово која вечерва изгоре уште од самиот почеток ја следат проблеми.Таа долго време не беше пуштена во функција поради грешки во градежните работи а не беше ниту поврзана со центалниот систем за греење.

Сепак најголемиот пропуст во функционирањето на болницата беше кога беа исечени цевки за довод за кислород, а со тоа беше доведен во опасност животот на пациентите.

Google search engine

Затоа јавноста бара да се испита квалитетот на тие модуларни болници кои беа платени уште пред да се монтираат.

Модуларните болници во Македонија ги градеше велешки Брако на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. На двата јавни повици најниска понудена цена доставена е од Брако ДОО Импорт-Експорт, Велес, Република Македонија, со тоа што на меѓународниот тендер за модуларните болници оваа компанија учествуваше со заедничко вложување со друга компанија.