Од обработени над 70 отсто гласови во Град Скопје – Данела Арсовска во водство

Според 73,14 отсто обработени избирачки места во Град Скопје, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, е во водство пред актуелниот градоначалник, Петре Шилегов од СДСМ.

Првичните неофицијални резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија покажуваат дека Арсовска има освоено 59.198 гласови, Шилегов 55.739 гласови.

Google search engine

Трет е Перо Георгиевски од Левица со 13.439 гласови, а четврт Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ со 6.379 гласови.

- АУДИО РЕКЛАМА -