Од ноќеска на полноќ ново зголемување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,30 % во однос на одлуката од 3.06.2022 година.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Реклама

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.

Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 110,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 112,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179%, кај дизелот за 1,697%, кај екстра лесното масло за 1,673% и кај мазутот зголемувањето е за 0,482%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009%.

Реклама