Од мала возраст сака да изгледа како момче, но порасна во копија на својата прекрасна мајка. Дали знаете за кого станува збор?

Шајло Џоли-Пит неодамна привлече внимание со својата нова фризура. Имено, приликата да ја фотографираат некаде надвор е навистина ретка за папараците. Овој пат 17-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит е забележана од страна на папараците додека се шетала со свои браќа и сестра.

Многумина коментирале како Шајло е неверојатна копија на својата мајка кога станува збор за изгледот.

Google search engine

Анџелина во можеби и повеќе од една прилика потврдила дека нејзината ќерка сака да биде момче уште од многу мала возраст и дека веќе на тригодишна возраст почнала да се преиспитува за својот пол.

„Ја кратиме кратко нејзината коса и ѝ купуваме облека како за момче, таа се чувтвува како да е дел од групата на своите браќа“ изјавила Анџелина за „Variety“ во 2010 година

Инаку, Шајло беше едно од најочекуваните бебиња во Холивуд во 2006 година, како прво биолошко дете на парот кој своевремено се стекна со прекарот Бранџелина. Тие ги имаат и 15 годишните близнаци Нокс и Вивиен кои се исто нивни биолошки деца, а синот Медокс, Пакс и ќерката Захара се посвоени деца на Анџелина.