Од Ковид почина осудениот гинеколог Дамчевски кој лажеше пациентка дека е бремена

Македонскиот гинеколог Николче Дамчевски кој беше осуден затоа што доведуваше жени во заблуда лажејќи ги дека се бремени почина како едица на Ковид 19. Тој откако беше осуден од македонските судски власти, избега во Софија, каде што и починал.

Дамчевски беше македонскиот гинекологот осуден на две години затвор за тешки дела против здравјето на луѓето и за несовесно лекување, а лекарската комора му ја одзема лиценцата на седум години. Иако во медиумите се пишуваше дека Дамчевски е избеган во Софија и врши прегледи на пациентки, полицијата не успеа да го најде. По објавата на информациите во македонските медиуми, во Софија му беше прекинат работниот однос.

Реклама
Реклама