Горан Трајковски, докторот што живее и работи во Германија и кој е доста активен на Инстаграм и зборува за разни актуелности во земјава, па и во светот, овојпат зборуваше за трагедијата во Тетово која ја тресе Македонија.
„Во храмот на животот, во местото во каде што одиш и велиш еве го мојот живот, највредното нешто што го имам, ве молам спасете го, ви го давам во ваши раце, на лекарите, државата, болницата, во тоа место да загинеш во пожар, е трагедија и иронија.
Додека славевме независност. Која независност? Од што независност? Кога гореа шумите, да не ни пратеа камиони околните држави, ќе изгореше цела држава. Која независност, се храниме со патриотизам и празни калории, затоа што немаме што друго да каснеме?
Не остана друго освен патриотизам и мавање во гради.
View this post on Instagram
Да си го голтнеме фактот дека не сме способни да водиме држава. Да добиеш тендерче за нешто да изградиш, тоа е идеалот. Ќе го направиш што повеќе да биде фуш и повеќе пари да задржиш за себе. Е тогаш си добар бизнисмен.
Си изградивме два паралелни болнички системи, си го прифативме тоа, додека се расправаме на секакви основи. Во приватниот каде што не треба да чекате, ќе ги добиете најдобрите испитувања, квалитетно, на светско ниво.
Но ако немаш пари веќе не си господин, одиш во болницата што ќе ја направиме ние и ќе си го ставиш животот под ризик“, вели доктор Трајковски.
Видеото досега е прегледано повеќе од 100.000 пати, а коментарите и споделувањата на Инстаграм, не запираат.