Од ѕвезда по која жените „лудуваа“ до боем кој живее во Италија

Мет Дилон бил фотографиран како руча во Италија, а на сите вниманието му го привлекол неговиот невообичаен имиџ.

Холивудскиот актер Мет Дилон моментално престојува во Италија, поточно во Рим, каде што бил фотографиран во еден од тамошните ресторани додека ужива во својот ручек.

56-годишниот Мет подолго време не се појавува во јавноста, а сега може да се забележи дека има изградено целосно поразличен имиџ од тој на кој што се навикнавме да го гледаме.

Долгата, густа брада очигледно сега му е заштитен знак, но на сите вниманието им го привлекла бојата која што се наоѓала на неговите панталони, па набрзо почнале да кружат гласините дека можеби има сопствено студио за сликање затоа што тоа е едно од неговите хобија.

Неговото студио наводно се наоѓа во срцето на Рим, а Мет неговата врата ја покрил со самолеплива лента за љубопитните минувачи да не можат да видат што прави тој таму. Очигледно дека сака да ја задржи својата приватност, а на улица излегува само поради уживањето во локалната храна.

Инаку, актерот во последните пет години е во врска со италијанската актерка Роберта Мастромичеле, а последен пат биле видени заедно на Меѓународниот филмски фестивал Сан Себастијан во Шпанија, каде што Мет го промовирал својот нов филм „The Great Fellove“, кој што воедно и го режирал.

Инаку, Мет се прослави во текот на 90-те години, кога изгради свој имиџ на „злобно моче од Холивуд“, а меѓу бројните убавици тој бил во врска и со Камерон Дијаз, Мелани Грифит и Брук Шилдс.