Од денеска поскапи горива

Регулаторната Комисија за енергетика објави дека во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените на горивата, од ноќеска на полноќ ги зголеми малопродажните во просек за 1,64 проценти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 4 јануари 2021 година.

Google search engine

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,888 ден/кг и изнесува 29,651 ден/кг.