Од денеска цените на бензините повисоки

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 % во однос на одлуката од 20.12.2021 година.

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намали за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемија за 0,50 денари за литар.

Реклама

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се смени.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,504 денари за килограм и сега изнесува 39,360 денари за килограм.

Од 28.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 73,50 денари за литар,

Моторен бензин еуросупер БС – 98 75,50 денари за литар,

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 64,00 денари за литар,

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 денари за литар,

Мазут М-1 НС 39,360 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,238 %, кај дизелот за 0,08% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,112 % и кај мазутот намалувањето е за 1,447 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,154 % .

Реклама