Од денес Грција ги отвора границите за Македонците. Овој протокол морате да го пополните пред да патувате!

Од денес се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија, објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук.

Тој наведува дека сите граѓани кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела, од денес ќе можат да одат во Грција.

Google search engine

„Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од денес, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела“, напиша премиерот на Фејсбук.

Ова е протоколот за пријава за оние кои ќе патуваат во Грција

ПретходнаДанска студија открива дека луѓето кои прележале Ковид-19 дома имаат помал ризик од долготрајните последици
СледнаНов извештај: Ковид-катастрофата можела да се спречи, милиони животи можеле да бидат спасени