Од 13 часот затворени повеќе улици и булевари во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека  денеска поради најавен протест, од 13 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Крсте Мисирков“ и „ Гоце Делчев“, улиците „11-ти Октомври“  и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување на протестот.

Од МВР информираат дека протестот е најавен за 13 часот, а ќе почне во парк Чаир на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, на бул. „Гоце Делчев“, Собранието на ул. „11-ти Октомври“ и Владата на булевар „Илинден“.

Google search engine

СВР Скопје апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Во соопштението на МВР не е наведено кој го организира протестот, но како што беше најавено при соопштувањето на пресудата за обвинетите во случајот Монструм, тие за денеска најавија протест поради изречените казни.

- АУДИО РЕКЛАМА -