Очај во Европа поради санкциите за Русија! Обезбедување во маркетите ги чува брашното и маслото…се крадат и тестенини, месо, чоколади…

Супермаркетите ширум Европа ангажирале дополнително обезбедување за да спречат масовна кражба на маслото и брашното, кои за многу Европејци станале луксузна роба.

Минатиот месец најмногу кражби се забележани во Германија и Италија, па сопствениците на продавниците најмиле приватно обезбедување. Покрај маслото и брашното, се краде и месо, кафе, тестенини, разни сосови, чоколади… Се што е поскапено.

Google search engine

Маслото за јадење во Германија станало ретка стока, која често тешко се наоѓа, па се нашло на мета на крадците. Во текот на војната во Украина во германските продавници сончогледово масло се разграбува во раните утрински часови, иако чини речиси пет евра. Тоа го забележале и крадците и во маслото пронашле нов извор на приходи. Така минатиот викенд во Бад Лангензалц кај Франкфурт полицијата уапсила еден крадец кој украл дури 70 литри масло за јадење. Полицајците го затекнале 50-годишниот маж како во количка турка 70 литри масло. При испрашувањето тој признал дека украл масло од магацин на една продавница и дека сакал да го продаде. Полицијата го натерала да го врати маслото и против него е поднесена кривична пријава за тешка кражба.

И во Италија се забележани кражби, а на удар се нашле брашното, тестенините и конзервираната риба. И во оваа земја е зголемено обезбедувањето за да се спречи ова да се претвори во пракса.

Јунешко месо – 15 евра

Во Германија, инаку, покрај недостатоците, вртоглаво растат и цените на енергентите, кои потоа ја креваат цената и на се останато. Цените на нафтените деривати драстично пораснале, а цената на дизелот достигнала досега највисока вредност, поради што министерот за сообраќај Андреас Шојер бара итни мерки за да се спречи заканувачки инфлаторен удар. Дизелот одамна надминал две евра, а слично е и со ценат ана бензините. Горивото веќе влијаело на растот на цените, а по поскапувањето на местото, лебот и млекото, на ред дошле овошјето и зеленчукот. Килограм домат е 3,4 евра, додека килограм компир се продава се продава за две евра. Килограм јаболка чини 2,5 евра. Италијанците за лимон плаќаат четири евра.

Покрај недостатоците, Италија ја потресуваат драстични поскапувања. Така јунешкото место отишло на 15 евра за килограм, што е двојно поскапо отколку кај нас додека телешкото чини неверојатни 27 евра. Килограм колбаси чини околу 7 евра, а свинско каре 9,5 евра. И тестенините се поскапени, па половина килограм достигнува цена од 1,8 евра. И сирењето е скапо за Италијанците, па еден килограм гауда чини дури 17 евра.

Цената на нафтата скокнала на 112 долари

Прекинот во испораката од Либија и предупредувањето од Русија во поглед на потенцијалниот рекорден раст на цените ако повеќе земји забранат увоз на нејзините енергенти ги вознемириле купувачите и довеле до ново поскапување на нафтата.

Цената на нафтата Брент пораснала на 112 долари за барел. Две либиски пристаништа, според медиумските извештаи, се принудени да го сопрат товарењето на нафтата по протестите против премиерот Абдул Хамид Дбеибах, а производството е сопрено и на полето Ел Фил, на кое се пумпаат 65.000 барели дневно. Либиската државна нафтена компанија била принудена да го затвори нафтеното поле поради политичкиот судир кој се заканил да ја вовлече таа африканска држава назад во вооружени судири.