Обвинителство се согласи Мијалков за 10 милиони евра гаранција да се брани од слобода

Кривичниот суд денеска треба да одлучи по барањето на одбраната на Сашо Мијалков да се брани од слобода откако претходно понуди гаранција.

Според информациите и обвинителството дало позитивно мислење на ова барање на одбраната на Мијалков. Дали Кривичниот суд ќе го потврди со својата одлука. Позитивното мислење од обвинителството за борба со организиран криминал?. Мијалков е во ефективен притвор во затворот во ,,Шутка“ откако судот ја изрече пресудата за случајот ,,Трезор“.

Google search engine

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати понудената гаранција од 10 милиони евра за бранење од слобода на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кој е во притвор. Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23-ти февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред обвинителството да го подигне решението за притвор.