Во тек е истрага дали стражарката му помогнала на затвореникот да побегне од затвор во Алабама или можеби е киднапирана.
Американската полиција трага по избеганиот затвореник обвинет за убиство и затворската стражарка Вики Вајт која побегнала со него и можеби му помогнала во бегството, пишува “BBC”.
Како што пренесува “BBC”, затвореникот Кејси Вајт и чуварката Вики Вајт последен пат биле видени во петокот наутро во шерифската канцеларија во округот Лодердејл во Алабама. Иако имаат исто презиме, затвореникот и стражарката не се во сродство.
Вики Вајт рекле дека го води затвореникот во зградата на судот на проценка на менталното здравје, но подоцна колегите сфатиле дека тоа воопшто не било закажано.

Затвореникот ја земал полицајката како заложник?
Во тек е истрага дали стражарката Вајт му помогнала на затвореникот да побегне или тој ја земал за заложник. Властите велат дека затвореникот Кејси Вајт треба да се смета за вооружен и опасен бидејќи сега би можел да има пристап до службен пиштол.
Шерифот на округот Лодердејл, Рики Синглтон рекол дека Вајт го напуштила притворскиот центар со затвореникот во околу 9:30 часот наутро откако на колегите им рекла да ќе го остави во зградата на судот за проценка на менталното здравје.
Таа на колегите им кажала дека затвореникот таму ќе добие лекарска помош бидејќи не се чувствува добро. Нешто по 11 часот, нејзиното возило било пронајдено на паркинг на трговски центар. Во 15:30 часот полициските службеници сфатиле дека затвореникот не бил вратен во притвор и дека никој не може да ја контактира стражарката Вајт.
Канцеларијата на маршалот на САД нуди награда до 10.000 долари за информација која ќе доведе до апсење на Кејси Вајт и локацијата на Вики Вајт.