Објави секси фотографија 12 дена по породувањето! Жените се бесни – тврдат дека е невозможно

Манекенката Емили Ратајковски која што важи за една од најзгодните жени на денешницата, се породи пред само 13 дена, а судејќи по фотографијата и снимката на нејзиниот Инстаграм профил – изгледа како никогаш да не била бремена.

Имено, таа позирала во свилени пижами од својот бренд, а притоа покaжала дека нејзиниот стомaк е совршено рамен, иако на 8 март на свет го донесе своето првo дете – синчето Силвестер Аполо.

Google search engine

Емили на фотографијата, но и на снимката дискретно го повлекува ластикот од долната пижама, откривајќи дека бременоста не сотавила ниту една трага на нејзиното тело.

Очекувано – следеле многубројни реакции од јавноста, а поголемиот дел од нив не можел да поверува како атрактивната 29-годишна манекенка „закрепнала“ толку брзо.

 

„Мора да се шегуваш“, „Ова е невозможно“, „Те молам, откриј што направи за вака да изгледаш по породувањето“, „Како е можно да си се породила пред само неколку дена“, се само дел од коментарите на нејзините следбеници.

Објавата на Емили „подигна голема прашина“, а меѓу останатите се огласи и австралиската актерка Клер Холт:

„Морам да кажам нешто затоа што навистина се изнервирав. Доколку објавите фотографија од својот рамен стомак 10 дена по породување и тоа го препишете на „body positivity“, за мене е исто како да објавите фотографија од милионите на својата банкарска сметка и да тврдите дека тоа е промовирање на успехот“, напишала Клер.

Таа потоа споделила своја фотографија од стомакот 2 седмици откако ја родила ќеркичката Еле:

„Можеби сето тоа е вистина, но очигледно дека другите се чувствуваат ужасно поради својот изглед. Па, што мислите за тоа едноставно да не го покажете тоа? Може ли да користиме Инстаграм така што луѓето да не создаваат лоша слика за себе?“, заклучила актерката.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.