Објави голи фотографии од клиниката за рехабилитација: Познатата манекенка очајна за помалата сестра! Прави скандали додека е затворена

Лоти Мос (24), ѕвездата на OnlyFans и помладата полусестра на познатиот супермодел Кејт Мос (48) не престанува со скандали, дури и додека е на клиника за одвикнување од кокаин.

Атрактивната манекенка сега ја налути својата позната сестра бидејќи на Инстаграм објави цела серија полуголи фотографии, од центарот за рехабилитација во Аризона, каде што неодамна беше сместена. Сепак, Лоти, наместо да се лекува, очигледно добро се забавува и провоцира по пат.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo)

Имено, таа објави три фотографии на кои е облечена во оскудно плишано бикини, а Лоти пред само четири дена позирала топлес, облечена во ништо друго освен оскудни црна танга додека се распосла на каучот и ги покриваше градите со нацртан симбол. До неа имаше мало бело куче, а во описот пишуваше – „Дојди, легни со мене“.

Очигледно Лоти е подеднакво дива како и нејзината постара сестра Кејт, а не треба да заборавиме дека е жена која со децении ја нарекуваат дивјак на модната сцена. Некогаш ја нарекуваа „Кокаин Кејт“, откако фотографиите од 2005 година ја покажаа со линии дрога и литри вотка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo)

Извор близок до семејството за британските медиуми изјавил дека дури и ќерката на Кејт, Лила (19) не сака да има никаква врска со Лота поради нејзината палавост, а таткото на Лота, Питер Мос, за The Sun потврдил дека неговата ќерка се чувствува многу добро по рехабилитација. Следбениците на социјалните мрежи ја обвинија дека повеќе се фокусира на споделување содржина на социјалните мрежи отколку на закрепнување.

Кланот Мос се уште е влијателен на модната сцена. Лила е новото заштитно лице на Фенди, а носеше и ревии за Марк Џејкобс. Во 2018 година, Кејт за магазинот „Today“ изјави дека одлуката за тоа дали сака да влезе во модната индустрија ѝ ја препушта на неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo)

Дополнително, Лоти објави видеа на ТикТок во кои објаснува дека се лекува од „наркоманија“. Осврнувајќи се на серијата „Еуфорија“, која се занимава со средношколци кои се зависници од дрога, Лоти додаде: „Мислам дека еуфоријата ја сфатив премногу буквално“.

Првите неколку години, манекенската кариера на Лота беше многу успешна, но таа престана поради дивиот ноќен живот и скандалите. Таа рече дека заработува повеќе од 95.000 долари месечно во Only Fans, каде понекогаш се појавува целосно гола, но призна и дека и е тешко да живее во сенката на нејзината постара сестра.

„Тешко е кога сестра ти е Кејт Мос и те споредуваат со неа“, изјави таа за „Private Parts“.

Пријателката на Лота исто така коментираше за случајот: “Таа е слатка девојка, но е изгубена. Мислиме дека се дрогира само за да има поголема самодоверба. Нејзин вистински проблем е потребата од одобрување и внимание и нема да се подобри додека не најде малку самопочит“.

Патем, Лоти остана активна на социјалните мрежи и продолжува да продава содржини за луѓе над 18 години на OnlyFans, и покрај обидите да го промени својот животен стил. Минатата година се пофали дека се приклучила на страницата за возрасни Only Fans каде, гордо најави дека „ќе ја продаде и својата секси долна облека“. Ова не е прв пат Лоти да наплаќа за експлицитна содржина што сама ја создава, во февруари минатата година беше откриено дека младата манекенка се пријавила на платформата за возрасни Glow, каде членовите можат да ги зголемат своите приходи продавајќи провокативни фотографии и видеа на обожавателите.

 

ПретходнаУкраинска армија: Битката за Киев ќе биде клучна, Русите се движат кон освојување
СледнаБРИТАНЦИТЕ ОБЈАВИЈА НОВА КАРТА НА РУСКИТЕ НАПАДИ НА УКРАИНА: Мислат дека знаат што Русите планираат (фото/видео)