Објавено последното видео од Марадона: Му испратил порака на човекот кого го обвинуваат за неговата смрт

Славниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона почина минатата година, а неговата смрт се уште е една од главните теми во светот.

Аргентинската „Cronica TV“ објавила видео снимка од Диего која е можеби и последната од легендарниот Аргентинец.

Google search engine

Марадона, откако бил пуштен од болница по операција на главата, бил дел од една ТВ емисија. Видеото било снимено во неговиот дом на кое се гледа поранешниот фудбалер како седи на маса и јаде.

 

Причината за објава на ова видео е тоа што и понатаму се води истрага која е причината за неговата смрт, особено против Леополдо Луке – човекот кој наводно несовесно го лекувал Диего.

Имено, тој седел во својот дом на кујнска маса со Вероника Охеда и му се обратил токму на Луке:

„Дезориентиран сум, но се е добро. Знаеш дека не сум за вакви интимни моменти, но кога сум со добри луѓе излегувам од својот оклоп. Бакнеж, Луке. Леополдо Хасинто Луке“, вели Марадона на снимката.