На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот којшто вчера се случи кај Мавровка, кога група демонстранти се упатува кон Владата на РМ.
Од видеото може да се види дека групата која провоцира прво фрла шишиња од надвозникот врз колоната луѓе кои протестираат против францускиот предлог. Воедно, тоа предизвикува револт и реакција кај демонстрантите.
Групата од надвозникот продолжува да фрла шишиња кон демонстрантите, а покрај нив стојат неколку полицајци.
На видеото исто така може да се забележи дека од зад хотелот се појавува и лицето кое држи пиштол во рака и го вперува кон демонстрантите, но и полицајците.
Во видеото се слуша како луѓето викаат по полицијата, барајќи да го уапсат човекот којшто има пиштол во рака.
Погледнете го видеото: