Објавени условите за влез во Грција – има ли промени?

Условите за патување во Грција останаа непроменети, така што во следните седум дена, поради ковид мерките на влез во оваа земја, ќе биде потребен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР или брз антиген тест, како и пополнет PLF образец.

Ако одите со сертификат за вакцинација, неопходно е втората доза да е примена пред 14 дена и доказот да биде напишан на еден од јазиците: грчки, англиски, германски, италијански, шпански или руски.

Google search engine

Друга можност е со негативен тест – ако е ПЦР, не смее да биде постар од 72 часа, а антиген не постар од 48.

И тука е потребна потврда на еден од горенаведените јазици.

Правилата за влез важат за лица постари од 12 години.