Објавени резултати од новото истражување: Кој најмногу пие на светот и каде се Балканците на оваа листа?

Австралијците, Англичаните и Данците се најголемите „пијаници“ во светот за 2020 година, покажува последното глобално истражување за злоупотреба на опијати.

Според истражувањето на организацијата „Global Drugs Survey“ (GDS), најголем проблем со алкохолот имаат жителите на англиските говорни подрачја, но и Скандинавците.

Google search engine

Истражувањето било спроведено од ноември 2019 година до февруари 2020 година, пред избивањето на пандемијата на коронавирусот, а учествувале 110.000 луѓе.

Студијата покажува дека само 5 проценти од Австралијците и Данците не пиеле во последната година. По нив следат Англичаните, Финците и Шкотите со по 7 отсто. Светскиот просек во таа категорија е 16 отсто, колку што имало трезни луѓе во балканските земји, кои се прикажани групно.

Најтрезни биле жителите на Португалија – дури 54 отсто од нив не се напиле алкохол во последната година. На второ место на трезвеност се Аргентинците со 48 отсто, а на трето се Колумбијците со 40 отсто.

„Шампионите“ по бројот на пијанства се жителите на Британија, кои во последната година во просек се напиле 34 пати. По нив следуваат Австралијците и Данците со 32 и Финците со 28 пијанства за една година. Во таа категорија најдобри се Аргентинците и Колумбијците, кои во просек имале само 7 пијанства за една година.

Светскиот просек е 20,8, а балканските нации се нешто подобри од просекот, со 20,5 пијанства годишно.

Како што се наведува во извештајот, ситуацијата во светот е сепак нешто подобра од годината претходно, кога просечниот број на пијанства бил поголем за околу 30 отсто.

Британците најчесто завршуваат во болници поради пијанство, па така повеќе од 5 отсто од помладите од 25 години морале да посетат лекарски третман поради алкохол во изминатите година дена. Светскиот просек е околу 2 отсто.