Објавени први фотографии од состанокот меѓу Лавров и Кулеба

Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, на официјалниот канал на “Telegram” објавила фотографии од состанокот на шефовите на димпломатиите на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба, кој се одржува во Анталија.

На фотографиите може да се видат делегации од двете завојувани страни, а како медијатор и домаќин на состанокот, во средината, седи министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу.

Google search engine

Репортерите, кои во живо ги следат преговорите, оценуваат дека не може да се очекува многу денешните разговори.

„Не гледаме никакви контакти меѓу Западот и Русија. Турција тука се обидува да го искористи добриот однос кој го има со Украина и Русија, и на тој начин да заработи политички поени“, вели репортер на “N1”.

Тој додал дека не се познати почетните позиции на Москва и Киев, но дека искуството е на страна на Лавров кој веќе 20 години е во дипломатијата. Но, ни Украинците не се без ас во ракавот.