Објавени се номинациите за наградата Златна малина која се доделува за најлошите кинематографски остварувања, а оваа година предничи полскиот еротски филм „365 Days“ и американскиот „Dolittle“ со по 6 номинации.
Доделувањето на Златна малина е своевидна пародија на доделувањето на Оскарите кое го организира Академијата на филмски уметности и наука, а овогодишната церемонија ќе се одржи на 24-ти април.
Некои од актерите кои се најдоа помеѓу номинираните за најлоши остварувања оваа година се Роберт Дауни Џуниор, Адам Сендлер, Ен Хатавеј, Кејти Холмс и Кејт Хадсон.
Помеѓу номинираните филмови се најдоа „365 Days“, „Dolittle“, „Absolute Proof“, „Fantasy Island“ и „Music“.
Филмот „365 Days“ ја привлече светската јавност и стана еден од најгледаните филмови кога се појави на „Netflix“ на 7-ми јуни. Меѓутоа, покрај огромната популарност, филмот доби и огромна количина негативни критики поради сцените на сексуално насилство.
На „IMDb“ е оценет со 3,2 од 10, поради што не е ни чудно што е номиниран како најлош во 6 категории.
Филмот „Dolittle“ претставува римејк на оригиналната серија „Doctor Dolittle“ од 1967 година, а покрај номинациите за најлош филм, и Роберт Дауни Џуниор кој ја толкува главната улога е номиниран за најлош актер.
Ен Хатавеј е номинирана за најлоша актерка во филмовите „The Last Thing He Wanted“ и „The Witches“.
Оваа година доделувањето на Златна малина има и посебна категорија во чест на 2020 година, која ја освои наградата за „Најлоша календарска година некогаш!“.