Објавена подводна снимка од уништениот гасовод Северен тек

Најмалку 50 метри цевки од гасоводот Северен тек 1 се разнесени во експлозија, покажува видеоснимката од подводниот дрон која ја објавил шведскиот весник „Expressen“.

Полицијата во Копенхаген и норвешките инспектори заклучиле дека станувало збор за „моќна експлозија“, пренесуваат европските медиуми.

Google search engine

И натаму не се знае кој или што ја предизвикало експлозијата на гасоводите Северен тек 1 и 2, кои ги спојуваат Германија и Русија.

Падот на притисокот во цевките е забележан на 26-ти септември, по што е утврдено дека протекува гас во Балтичкото море во данските води.

Кратко потоа протекла и цевката на гасоводот Северен тек 2.

Од тогаш владите на западните земји и Русија индиректно се обвинуваат за саботажа на овој гасовод.

Гас не се испорачува преку Северен тек 1 уште од август, иако цевката останала наполнета со гас, додека Северен тек 2 никогаш не ни проработел.