Објавена нова корона-карта на Европа: Ниту една земја не е во зелена зона, лоши вести за Италија

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова корона-карта на Европа, која ја ажурира секој четврток.

Боите за поединечни подрачја се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на зараза во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација, а врз основа на оваа карта секоја земја може да ги заостри условите за влез.

Google search engine

Што се однесува до овонеделната карта, и понатаму ниту една земја не се наоѓа во зелена зона, а ситуацијата уште повеќе се влошила.

Како и во претходниот период, преовладуваат црвените и темноцрвените зони додека малобројни делови од Европа се наоѓаат во портокалова зона.

Меѓутоа, за разлика од минатата недела кога поголемиот дел од Италија беше во портокалова зона, оваа недела неколку регии преминале во црвена зона.

За потсетување, црвената боја значи дека бројот на активни случаи во последните 2 недели е помеѓу 75 и 200, а уделот на позитивни тестови на Ковид-19 е 4% или повеќе и вкупниот број на случаи за 14 дена е поголем од 200, но помал од 500.

Со темноцрвена боја се обележани оние подрачја кои во 14 дена имаат вкупно 500 или повеќе активни случаи. Бројките се следат во однос на 100.000 жители.