Шефот на италијанската Коза Ностра, Матео Месина Денаро е уапсен во Палермо по 30 години криење, а полицијата ги објави првите фотографии од мафијашкиот бос од кој се плашеше цела Италија.
Во акцијата за апсење учествувале карабинерите, како и припадниците на специјалните единици на италијанската полиција. Денаро бил уапсен во приватна клиника, каде дошол да ја прими потребната терапија.

Тој е во бегство од 1993 година, а во отсуство беше осуден на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година. Тој исто така се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе следната година.

Денаро, познат и по прекарот „Дијаболик“, во една прилика наводно рекол „наполнив гробишта, сосема сам“.
