Во соопштението се наведува дека Дмитровиќ во понеделникот престојувал во официјална посета на градот Ниш.
Министерството за грижа за семејството денес соопшти дека за време на службеното патување на министерот Ратко Дмитровиќ, при возењето било забележано дека некој ги олабави завртките на предните тркала на службеното возило со кое се враќал од Ниш.
Во соопштението се наведува дека Дмитровиќ во понеделникот бил во официјална посета на градот Ниш и дека проблемот бил забележан откако тој заминал за Белград со службено возило Шкода суперб, управувано од возачот на Владата на Србија.

На излезот од Ниш, и пред да се вклучат на автопатот кон Белград, возачот и министерот почувствуваа чуден звук кој доаѓа од предниот дел на возилото. Тие го запреа автомобилот и открија дека сите завртки на предното лево тркало биле одвртени, од кои три паднале на земја на самиот допир. Завртките на десното предно тркало беа олабавени, се додава во соопштението.
Беше истакнато дека според елементарната техничка проценка такво нешто не може да се случи само по себе, односно дека тоа е можно само со дејствување на човечкиот фактор.

За среќа, министерот Дмитровиќ навремено го запре возењето, што можеше да заврши трагично. Министерството за внатрешни работи интензивно работи на овој случај – се потенцира во соопштението.
Во врска со овој случај Дмитровиќ се огласи на Твитер.
БИЛА СУ ДВА ПОКУШАЈА МОЈЕ ЛИКВИДАЦИЈЕ, 90-их у ХРВ.
Крајем 1995. у Београду, одустало се, у задњи час, од плана да будем убијен. Два сведока још су жива.
КОМЕ ДАНАС ТРЕБА МОЈЕ УБИСТВО?
Одвртање шрафова на предњим точковима мојих кола, пре два дана, класичан је покушај убиства.— Ratko Dmitrović (@RatkoDmitrovic) February 24, 2021