„О, боже! Што е ова?“: Камерата на дното од океанот снимила нешто чудно (Видео)

Камерата на дното од Индискиот океан снимила мистериозно суштество за кое истражувачите тврдат дека станува збор за никогаш претходно документиран вид.

Како што се тврди во соопштението на експедицијата „Five Deeps“, видеото од животното кое наликува на медуза, снимено е од мини подморница на најдлабоката точка во Индискиот океан, на длабочина од 7.192 метри.

Google search engine

Д-р Алан Џејмон, главниот научник на експедицијата и предавач на универзитетот во Њукасл изјавил:

„Не гледам често нешто толку неверојатно, нешто што остава без зборови. Во овој момент не сме целосно сигурни за кој вид станува збор, но сè ќе дознаеме наскоро. Изгледа неверојатно. Одеднаш се појави, а ние помисливме: О, боже, ова е некој чуден вид медуза“.

По објавата на видеата, на социјалната мрежа Твитер се појавиле разни реакции.

Едни од луѓето тврдат дека тоа е јасен знак дека вонземјаните постојат, па животното го споредуваат со суштество од филмот „Ambis“.

Погледнете го видеото: